Според официјални лица, најмалку 25 домови се уништени, повеќе од 2 500 домаќинства се без електрична енергија, изгорени се и десетици возила

Повеќе од 2 100 пожарникари се вклучени во гаснење на пожарот што брзо се шири на југот на Франција и во кој се изгорени повеќе од 15 000 хектари.
Според пишувањата на Би-би-си, една жена е загината, а најмалку 13 лица се повредени во пожарот што зафати голема површина од ридовите Корбиер.
Пожарот сè уште е активен, и го прави втор најголем пожар во Франција во изминатите 50 години.
Пожарникарите, поддржани од десетици авиони со водени бомби, сè уште се борат со пожарот, за кој властите предупредија дека може да беснее уште неколку дена.
„Пожарот сè уште е многу активен и ситуацијата останува неповолна“,
изјави Луси Роеш, генерален секретар на префектурата Од, за новинската агенција АФП, наведувајќи ги условите на суша, зголемените температури и силните ветрови.
A massive forest fire in Aude, southern France 🇫🇷 (06.08.2025)
— Disaster News (@Top_Disaster) August 6, 2025
Over 16,000 hectares have burned, and 25 houses and 40 cars have been destroyed. pic.twitter.com/4lBrldVWAd
Според официјални лица, најмалку 25 домови се уништени, повеќе од 2 500 домаќинства се без електрична енергија, изгорени се и десетици возила.
Францускиот премиер Франсоа Бајру, кој ја посети областа, го опиша пожарот како „катастрофа од невидени размери“.
„Она што се случува денеска е поврзано со климатските промени и сушата“,
рече тој.
Пожарот избувна во селото Рибо во префектурата Од, ширејќи се низ руралната, шумска област Корбиер, позната по своите лозја и средновековни села.
Министерството за животна средина соопшти дека пожарот уништил иста количина земја за 24 часа, колку што шумските пожари обично уништуваат низ цела Франција за една година.