Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, која во Клиниката за детски болести во Скопје најави воведување формално основно образование за деца со канцер кои се на долготрајно болничко лекување
Министерството за образование и наука (МОН) ќе направи анализа дали и колку ученици повредени во пожарот во Кочани би имале потреба да учат во домашни услови од почетокот на новата учебна година.

Ова денеска го изјави ресорната министерка Весна Јаневска, која во Клиниката за детски болести во Скопје најави воведување формално основно образование за деца со канцер кои се на долготрајно болничко лекување.
„Сега е лето, ќе направиме анализа, доколку има потреба, дефинитивно ќе бидат вклучени, иако не сум сигурна дека се многу. Оние што завршуваа четврта година, дел веќе полагаа матура, мислам дека едно до две деца се оставени сега да полагаат матура“,
изјави министерката Јаневска.
Промовирајќи го проектот за формално основно образовани за децата што се на долготрајно болничко лекување, министерката рече дека досега кон нив биле направени сериозни пропусти и дискриминација. На прашањето дали покрај во болнички услови, ваков вид образование ќе имаат и децата што се лекуваат дома, таа одговори дека проектот предвидува истиот принцип да се одвива и во домашни услови.