Камионот се превртил во близина на бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа додека се движел по небезбедни патишта кои не биле погодни за премин
Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени кога камион со храна и помош се превртел врз цивили кои чекале помош во централна Газа, објави Агенцијата за цивилна одбрана.

Оттаму додадоа дека камионот се превртел во близина на бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа додека се движел по небезбедни патишта.
„Камионот што превезувал храна се превртил врз нив откако окупаторските сили го принудиле камионот да се движи низ небезбедни патишта, кои претходно биле бомбардирани и не биле погодни за премин. Ова ги открива намерните обиди на окупацијата да ги принуди цивилите да влезат во опасност и смрт“,
се наведува во соопштението на Агенцијата за цивилна одбрана на Газа.
Се додава дека ситуацијата во Газа ги преминала сите црвени линии.
