„Имав среќа“, е коментарот на британскиот принц Чарлс (71) кој на почетокот на епидемијата во март се зарази со новиот коронавирус.
Тој вели дека имал лесни симптоми додека бил позитивен на вирусот.
„Имав среќа, но бев заразен со вирусот и целосно можам да ги разберам луѓето низ што минувале“,
истакна британскиот принц кој изразил и сочувствува до оние што загубиле свој близок.
Принцот Чарлс помина седум дена во карантин во својата куќа во Балморал. И неговата сопруга, војвотка од Корнвол, Камила, била тестирана за коронавирус, но нејзиниот тест е негативен.
Чарлс е син на кралицата Елизабета Втора и татко на Вилијам и Хари.
Од почетокот на пандемијата во Велика Британија се регистрирани 279 856 заразени и 39 728 смртни случаи.
*Поврзани вести:
Принцот Чарлс позитивен на коронавирус
Седум дена по позитивниот тест на коронавирус: Принцот Чарлс излезе од самоизолација