За време на претстојниот 80-часовен карантин за одредени градови, како и забраната за движење во дел од градовите, полицијата изготви посебен протокол за влез и излез од државата.
„Граѓаните што ќе влезат во државата со валиден и негативен PCR-тест ќе може да се преземат од граничните премини, а лицата што ќе ги преземат претходно ќе треба да го пријават тоа на 192 каде што ќе ги остават податоците. Исто важи и за граѓаните што треба да ја напуштат земјата (со валидна документација, т.е авионски билети), односно лицата што ќе ги превезуваат треба претходно да се пријават на 192“,
соопшти МВР.
