Од анализа на издатниците, ревизијата утврдила дека се издадени приближно 27 000 литри дизел-гориво за неисправни возила и 10 000 литри за неевидентирани возила во материјална и сметководствена евиденција, без прилог на соодветна поткрепувачка документација
Дополнително, на вработените им се исплаќа аванс на плата врз основа на рачно напишано барање, со дискреционо право на директорот да одлучува

Јавното претпријатие „Охридски комуналец”-Охрид од 2006 година работи со блокирана трансакциска сметка, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР).
Оттаму велат дека претпријатието функционира во рамки на месечните лимити, односно минимумот на парични средства над кои не може да се спроведе извршување.
Ревизијата е правена во 2023 година и дотогаш месечниот лимит за функционирање на ЈП е определен во износ од 16 900 000 денари или околу 275 000 евра. Од друга страна, претпријатието има тренд на зголемување на обврските.
„Со континуираното преземање на нови обврски, кои претпријатието не е во можност редовно и хронолошки да ги плаќа, влијае врз зголемување на обврските по извршни решенија и камати, што придонесува за зголемување на финансиската нестабилност и неликвидност на претпријатието“,
велат од ДЗР.
Ревизорите утврдиле дека претпријатието континуирано прикажува работење со загуба. Така, со искажаната загуба за 2024 година, акумулираната добивка и законските резерви на „Охридски комуналец“ нема да бидат доволни за покривање на загубата, а пренесената загуба останува да се покрива од добивките од идното работење, што може да го доведе во прашање трајното и ефикасно вршење на работата.
Ревизорите истакнуваат дека подолг временски период не е извршена верификација на мерилата кои служат за прием и издавање на дизел гориво од подземната цистерна, сопственост на јавното претпријатие, што претставува ризик од несоодветно мерење на горивото при неговиот прием и издавање. Утврдени се неправилности и во начинот на користење на службените и приватните возила и градежните машини, документирање и следење на прием, издавање и потрошувачката на гориво.
„Од анализа на издатниците ревизијата утврдила дека се издадени приближно 27 000 литри дизел-гориво за неисправни возила и 10 000 литри за неевидентирани возила во материјална и сметководствена евиденција, без прилог на соодветна поткрепувачка документација… Ваквиот начин на прием, управување и издавање на резервата на гориво, како и признавање на трошоците по тој основ, без обезбедена соодветна поткрепувачка документација, укажува на ненаменско и нерационално користење на јавните средства“,
велат од ДЗР и додаваат дека ниту поправките, ниту одржувањата на возилата не се поткрепени со документација.

Ревизијата констатирала неправилности и во вршењето на основната дејност на „Охридски комуналец” – собирање, транспортирање и депонирање на отпад на две депонии „Буково‘‘ и „Мауцхер‘‘. Назначеното лице за управување со отпад не ги исполнува законските барања за положен стручен испит, не се водело евиденција за идентификација, транспорт и постапување со отпад, како и не се склучени договори со 97 отсто од правните лица кои се создавачи на комерцијален отпад во Охрид.
„Во претпријатието била воспоставена пракса вработените да користат привремен принуден одмор кој подразбира привремено отсуствување од работа со надомест во висина од 70% од платата што би ја добивале кога би работеле меѓутоа на принуден одмор заминуваат и вработени кои се неопходни за навремено и континуирано извршување на дејноста и надвор од предвидениот период со Програмата. За секое воведување на прекувремена, ноќна работа и работа во недела, претходно писмено не е известен подрачниот државен инспектор на
велат од ДЗР.
трудот, согласно законските барања“,
Дополнително, на вработените им се исплаќа аванс на плата врз основа на рачно напишано барање,
со дискреционо право на директорот да одлучува.
„Финансирање на личните потреби на вработените односно давање кредит без камата не е предвидено во дејноста за која е формирано и регистрирано јавното претпријатие и е спротивно на надлежностите на директорот“,
нотираат ревизорите.
Поради сите констатирани неправилности, Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.