Во неделата митинзи за поддршка на Болсонаро се одржаа во различни бразилски градови. Еден од неговите синови, Флавио, кој е сенатор, накратко го ставил својот татко на звучник пред толпата во Рио де Жанеиро, а подоцна објавил, па избришал видео од социјалните мрежи

Врховниот суд на Бразил Му одреди куќен притвор на поранешниот десничарски претседател, Жаир Болсонаро. Тој се соочува со судење поради обвинувања дека планирал државен удар, што тој ги негира.
Судијата задолжен за истрагата на Болсонаро, Александар де Мораис, рече дека одлуката е донесена затоа што Болсонаро не ги почитувал наредбите за забрана на движење издадени минатиот месец.
Како одговор на наредбата, правниот тим на Болсонаро негираше дека прекршил каква било наредба за забрана на движење и рече дека ќе се жалат на пресудата, пренесе Ројтерс.
Во објава на „X“, американскиот државен департмент рече дека ја „осудува“ судската наредба и дека „ќе ги повика на одговорност сите оние што помагаат и поттикнуваат вакво однесување“.
Доналд Трамп го искористи судењето на Болсонаро, кое го нарекува „лов на вештерки“, како оправдување за воведување царини од 50% за некои бразилски стоки и покрај тоа што САД имаат трговски суфицит со Бразил.
Трамп воведува царини од 50 проценти за Бразил
Во неделата, митинзи за поддршка на Болсонаро се одржаа во различни бразилски градови. Еден од неговите синови, Флавио, кој е сенатор, накратко го ставил својот татко на звучник пред толпата во Рио де Жанеиро.
Флавио, наводно објавил и видео, кое подоцна го избришал, на кое, неговиот татко испраќал порака до поддржувачите.
Судијата го навел инцидентот во својата пресуда, велејќи дека Болсонаро „намерно ги прекршил“ претходните ограничувања. Судот му забранил на Болсонаро да прима посети, освен од адвокати или лица овластени од Врховниот суд, како и да користи мобилен телефон – директно или преку трети страни.
Трамп и Болсонаро уживаа пријателски односи кога нивните претседателски мандати се преклопуваа, при што двајцата се сретнаа во Белата куќа во 2019 година.
Во објава на социјалните мрежи минатиот месец, Трамп ја изрази својата поддршка за поранешниот претседател велејќи дека Болсонаро „не е виновен за ништо“ и го пофали како „силен лидер“ кој „вистински ја сакал својата земја“.