Од четвртокот минатата недела досега, Пазарната инспекција поднела 28 кривични и 38 прекршочни пријави за прекршување на протоколите за работа во услови на корона-криза, а откриени се и 48 нерегистрирани даночни обврзници против кои ќе бидат преземени мерки, соопшти директорот на ДПА, Стојко Пауновски, на денешната прес-конференција.
Најмногу од угостителските објекти кои ги прекршиле протоколите се во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Струга, или како што рече Пауновски, во оние општини каде што сега е прогласен карантин преку цел викенд.
На прашањето во кои скопски општини се регистрирани најмногу прекршители, Пауновски рече Чаир, Центар и Аеродром.
Тој потенцира дека при сите контроли се постапува неселективно и апелира да не етикетираат политички инспекторите.
