Како што објасни неговиот адвокат Драган Црнковиќ, исполнети се сите законски услови за поранешниот хрватски премиер да биде ослободен. Тој рече дека покрај неговата возраст, една од причините наведени во барањето за ослободување била и неговата здравствена состојба
Санадер беше осуден на единствена затворска казна од 18 години во три случаи – за извлекување пари од јавни претпријатија во случајот „Фими медиа“, за барање и примање мито во случајот „Планинска“ и примање мито во случајот „ИНА МОЛ“

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска беше условно ослободен од затворот Липовица откако отслужи две третини од 18-годишната казна затвор, јави „хрт.хр“.
Како што објасни неговиот адвокат Драган Црнковиќ, исполнети се сите законски услови за поранешниот премиер да биде ослободен. Тој рече дека покрај неговата возраст, една од причините наведени во барањето за ослободување била и неговата здравствена состојба. Сепак, според него, тоа не е главната причина, туку фактот дека половина од казната ја отслужил на 15 август 2023 година.
По напуштањето на затворот Липовица, Санадер беше должен прво да се јави во полициска станица во Загреб, а потоа и во центарот за условни казни. „Господинот Санадер треба да го направи ова во текот на денот, ова се неговите две обврски за денеска“, рече адвокатот Црнковиќ.
Санадер ќе биде должен да се јавува во полиција секој месец, а не му е дозволено да го менува местото на живеење и привременото живеалиште. На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе има ограничено движење, неговиот адвокат одговори негативно.
„Може да го запали автомобилот и да оди во Сплит. Само ако има намера трајно да го промени местото на живеење и привременото живеалиште, мора да добие дозвола… Тој сака што поскоро да биде со своето семејство, му претстојат одредени медицински процедури, ќе се посвети на лекување и на своите пензионерски денови“,
рече адвокатот.
Инаку, поранешниот хрватски премиер Иво Санадер беше осуден на единствена затворска казна од 18 години во три случаи – за извлекување пари од јавни претпријатија во случајот „Фими Медиа“, за барање и примање мито во случајот „Планинска“ и примање мито во случајот „ИНА МОЛ“.