Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на пет километри југоисточно од Тетово на длабочина од 10 километри

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во околината на Тетово и Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Како што информираат оттаму, земјотресот бил регистриран во 16:14 часот на 39 километри западно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на пет километри југоисточно од Тетово и на 34 километри југоисточно од Призрен во Косово, на длабочина од 10 километри.
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека, според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.