Под контрола е еден пожар, а еден е изгаснат
До 12 часот напладне на територија на државата се регистрирани вкупно четири пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден под контрола и еден е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во село Богомила во Општина Чашка, каде што е опожарена мешана шума и во село Грешница во Македонски Брод каде што е зафатена деградирана нискостеблеста шума.
Под контрола е пожарот кај село Стровија во Општина Долнени каде што гори нискостеблеста шума.
Изгаснат е еден пожар – кај село Слупчане, Општина Липково.