Под контрола се пожарите во Општина Долнени, кај селото Стровија и тој во Желино кај селото Церово, кој избувна вчера
Од утрово на територија на државата има четири активни пожари и тоа во Општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Во Општина Чашка гори над Богомила;
- Во Општина Липково меѓу селата Ваксинце и Слупчане;
- Во Општина Студеничани кај селото Драчавица;
- Во Општина Македонски Брод кај селото Грешница.
Под контрола се пожарите во Општина Долнени, кај селото Стровија и тој во Желино кај селото Церово, кој избувна вчера.
Изгаснати се 17 пожари и тоа во Општините Берово, Брвеница, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крушево, Долнени, Струга, два Студеничани, три во Сарај, Арачиново, Кисела Вода, Чучер Сандево и два во Прилеп.