Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани повеќе од 12 000 удари од гром
Силна бурна, која прво го премина брегот на Италија, денеска се движеше кон внатрешноста на Словенија, а потоа и кон австриската покраина Штаерска.
Според словенечките медиуми, невремето беше проследено со силни врнежи од дожд, налети на ветер, а во некои делови од земјата паѓаше и град со големина на јајце.

Град прво падна во градовите Копер и Анкаран, но ситуацијата беше многу посериозна неколку часа подоцна, кога бурата го погоди регионот Савињска и североисточниот дел од земјата.
Бура имаше и во областите Шемпетра и Жалец.
Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани повеќе од 12 000 удари од гром.
На северните периферии на Цељската котлина, зафатени од силна бура, наврнаа повеќе од 60 милилитри дожд, а областа беше погодена и од погуст град.
Невремето се движеше и во правец на Марибор и Горица. Град со големина на орев, исто така, паѓаше во селото Хотиња. Бурата се движеше и кон Прекмурје.
Метеоролозите уште утрово најавија дека линијата на бурата во Словенија ќе се движи од запад кон истокот на земјата.
Возачите се предупредени да не ги паркираат своите возила под вијадукти за време на бури и град.
Затоа во целата држава е издадено портокалово предупреедување.
Се очекува смирување на невремето по 22 часот.
Сепак, можни се дождови и грмежи во текот на ноќта.