На Клиника затвореникот е донесен во тешка здравствена состојба. И покрај укажаната лекарска помош, тој почина речиси еден час по примањето во болница
Затвореник од затворот „Идризово“ рано утрово е примен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што починал, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според докторите, тој бил донесен во тешка здравствена состојба.
„На 2.8.2025 година во 1:20 часот од комплекс клиники ‘Мајка Тереза‘ е пријавено дека за укажување помош е донесен затвореникот С.Д. од КПД затвор ‘Идризово‘. Поради тешката здравствена состојба, починал во 3.07 часот“,
се вели во полицискиот извештај.
Јавен обвинител издаде наредба да се изврши обдукција.