Двајца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување вчера се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета.
„Вчера во 13:00 часот било пријавено дека во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И. (58) од Куманово и М.С. (64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета“,
соопштуваат од МВР.
Според пријавеното, како што наведуваат, тие имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни.
„При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување лекарска помош“,
се вели во соопштението на МВР.
Извршен е увид на местото на настанот од екипа од полициската станица во Свети Николе.
