Кога полициските службеници го запознавале осомничениот со содржината на наредбата за претрес, од која еден примерок му бил врачен и нему, тој го одзел и вториот примерок со службен печат и го искинал

Полицијата поднела кривична пријава против 22-годишен гевгеличанец за кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за кривичното дело одземање или уништување службен печат или спис.
Вчера при претрес во домот на гевгеличанецот полицијата пронашла 27 грама кокаин, една дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети со остатоци од кокаин.
Kога полициските службеници го запознавале осомничениот со содржината на наредбата за претрес, од која еден примерок му бил врачен и нему, тој го одзел и вториот примерок со службен печат и го искинал.
„Лицето било задржано во полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По поднесување на пријавата, тој бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена“,
соопшти полицијата.