Медведев неодамна им се закани на САД, како одговор на ултиматумите на Трамп до Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина или да се соочи со строги санкции
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека наредил две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони „за секој случај“.
„Врз основа на многу провокативните изјави на поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони“,
објави Трамп на Трут соушал.
Зборовите се многу важни и често можат да доведат до несакани последици, се надевам дека ова нема да биде еден од тие случаи, напиша Трамп.

Тој, во согласност во американскиот воен протокол, не кажа каде се распоредени двете подморници.
Медведев неодамна им се закани на САД, по ултиматумите на Трамп до Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина или да се соочи со строги санкции.
Кремљ досега не даде никакви јавни коментари за ова прашање, но берзата во Москва нагло падна по изјавите на Трамп.
Трамп и Медведев неодамна беа вклучени во серија лични напади еден против друг на социјалните медиуми.
Ова доаѓа откако Трамп постави нов рок за сегашниот руски претседател Владимир Путин да ја заврши војната до 8 август – за што Путин не покажа знаци дека ќе го стори тоа.
Пред тоа, Трамп постави рок од „10 или 12“ дена. Порано во јули тој ѝ се закани на Русија со строги тарифи насочени кон нејзината нафта и друг извоз ако Путин не ја заврши војната за 50 дена.