Глобалната организација за надзор на храната во вторникот изјави дека во Појасот Газа се одвива сценарио за изгладнување. Населението е сè повеќе гладно, децата под пет години умираат од причини поврзани со гладот, а хуманитарниот пристап до палестинската енклава е сериозно ограничен

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро изјави дека неговата земја ќе испрати четири лета со по десет тони хуманитарна помош. Авионите ќе полетаат од Јордан.
„Ова е итна хуманитарна помош, но не е доволна со оглед на ужасната ситуација таму“,
изјави францускиот министер за надворешни работи за радиото Франсинфо.
Глобалната организација за надзор на храната во вторникот изјави дека во Појасот Газа се одвива сценарио за изгладнување. Населението е сè повеќе гладно, децата под пет години умираат од причини поврзани со гладот, а хуманитарниот пристап до палестинската енклава е сериозно ограничен.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пред три дена, по средбата со британскиот премиер Кир Стармер, изјави дека гладот во Газа е реален и најави дека САД ќе воспостават центри за храна.
Израел целосно ја прекина помошта за Газа на почетокот на март, а потоа ја отвори повторно во мај со нови ограничувања наведувајќи ја потребата да се спречи кражба од страна на Хамас. Но, во саботата се појавија извештаи во кои се цитираат податоци од американската влада, во кои се вели дека нема докази оти Хамас краде помош од агенциите на ОН.