Обилни врнежи од дожд се регистрирани во Солун, на Халкидики и Кукуш, како и планинските делови на Епир, Тесалија, Спорадиските Острови и некои делови од Тракија
Πλημμύρισε το κέντρο της Θεσσαλονίκης και οι δρόμοι γύρω από το Βαρδάρη#tanea #taneagr #news #rain #βροχη #kairos #καιρος #weather #thessaloniki #skg #viral #summer #fyp pic.twitter.com/eYTi1EDe7y
— TA NEA (@ta_nea) July 31, 2025
Силни бури и обилни дождови ги поплавија некои од улиците и го нарушија секојдневието денеска во Солун и околината, објави „Товима“.
Движењето на возачите на некои точки во градот се одвива тешко бидејќи нивото на водата ги прави патиштата непроодни.
Ова е резултат на пошироката атмосферска нестабилност што ги погоди северна и централна Грција.
Според националната метеоролошка служба, нестабилното време ќе се задржи до петок, донесувајќи интензивни врнежи од дожд, град и силен ветер во неколку региони.
Обилни врнежи од дожд се регистрирани во Солун, на Халкидики и Кукуш, како и планинските делови на Епир, Тесалија, Спорадиските Острови и некои делови од Тракија.
Властите апелираат до граѓаните да бидат претпазливи, особено во областите каде што може да се очекуваат грмотевици и град.
По речиси два месеци без значителни врнежи од дожд, Атина денес би можела да се соочи со локализирани врнежи од дожд и изолирани грмотевици.
Најлошо време се очекува во северните предградија и во повисоките области околу планините Парнита и Пентели.