Оваа несреќа, во која е уништен авион вреден околу 100 милиони долари, е втора од ваков вид годинава. Во јануари, авион „Ф-35А“ на американските воздухопловни сили се урна за време на обука во воздухопловната база во Алјаска. И тогаш пилотот безбедно скокна од авионот
Борбен авион „Ф-35“ се урна во близина на поморската воздухопловна база „Лемур“ што се наоѓа во централна Калифорнија, потврди американската морнарица, пренесува Ројтерс.

„Пилотот успешно се катапултирал и е безбеден. Нема други повредени“,
се вели во соопштението на американската морнарица „Лемур“.
Од видеата што ги споделуваат американските медиуми се гледа дека на местото на несреќата има оган и густ црн чад.
Нема дополнителни детали за причините зошто се урнал овој борбен авион.
Како што соопштија тамошните власти, причината за несреќата е под истрага.
Авионот, според американската морнанираца, припаѓал на борбената ескадрила „ВФ-125“, со прекар „Сурови напаѓачи“.
Инаку, „ВФ-125“ е ескадрила за обука во рамките на флотата, одговорна за обука на пилоти и екипаж.
Авионот што се урна „Ф-35“ е една од трите варијанти дизајнирани за употреба на американски носачи на авиони.
Оваа несреќа, во која е уништен авион вреден околу 100 милиони долари, е втора од ваков вид годинава. Во јануари, авион „Ф-35А“ на американските воздухопловни сили се урна за време на обука во воздухопловната база во Алјаска. И тогаш пилотот безбедно скокна од авионот.
Според базата на податоци на Светските воздухопловни сили, американските воздухопловни сили имаат 246 авиони „Ф-35“, морнарицата 122, а морнарицата 41.
Сепак, во последните години овој модел на авион е цел на критики поради проблеми со одржувањето и борбената готовност.