Според локалните власти, најмалку 48 лица се ранети. Нападите предизвикале пожари на неколку локации и оштетиле станбени згради, болница и образовен објект
Најмалку две лица се убиени, а десетици се повредени откако руски дронови го погодија украинскиот главен град Киев, објавија денеска локалните медиуми.

Според локалните власти, најмалку 48 лица се ранети. Нападите предизвикале пожари на неколку локации и оштетиле станбени згради, болница и образовен објект.
Украинските медиуми објавија дека паѓањето на остатоци предизвикало пожар на гасовод и неколку лица биле заробени во гаража.
Според украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, Русија синоќа го нападнала главниот град со ракети и дронови, а најтешко биле погодени областите Свјатошински и Соломјански.
Тој на Телеграм напиша дека една од ракетите погодила станбена зграда.
Шефот на градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, рече дека нападот бил насочен кон десетици локации во украинскиот главен град, вклучувајќи и образовна институција.
Украинските вооружени сили објавија дека Русија вчера ја нападнала Украина со 1 292 дронови што носеле експлозиви.