Несреќата се случила синоќа во 22:10 часот на местото викано Сарајска раскрсница
Регионалниот пат Струмица – Берово од утрово е во целосен прекин поради сообраќајната незгода што се случила синоќа, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Несреќата се случила синоќа во 22:10 часот на местото викано Сарајска раскрсница.
Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот од утрово се одвива непречено по наместа влажни коловози.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сепак, како што додаваат од АМСМ, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила.