Под контрола се три пожари, а изгаснати 21 пожар
До 20:30 часот вечерва на територија на државата се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор од кои три се активни, три се под котрола, а 21 пожар се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Aктивни пожари има кај:
- Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово: с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
- Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола), друг крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и трет крак кон границата со Р. Грција – не се интервенира поради детонации (мешана шума);
- Општина Прилеп и Општина Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп), и селата Галиште и Ќесендре (Општина Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
Под контрола се пожарите кај селото Јунузлија во Општина Карбинци, пожарот на градската депонија во Делчево и кај тунелот на патниот правец Битола-Ресен.
Изгаснати се вкупно 21 пожар:
- Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација);
- Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
- Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
- Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума);
- Општина Сарај: автопат Скопје – Тетово (ѓубре и ниска вегетација);
- Општина Битола: с. Долно Оризари (ниска вегетација);
- Општина Прилеп: ул. Јоска Јорданоски (ниска вегетација);
- Општина Крушево: градска депонија кај м.в. Струнга (ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума);
- Општина Струмица: с. Просениково (трска);
- Општина Гевгелија: с. Миравци (грмушки и ниска вегетација);
- Општина Радовиш: кај базенот во Радовиш (грмушки и ниска вегетација);
- Општина Валандово: с. Јосифово (грмушки и ниска вегетација);
- Општина Струга: Струга – Калишта (трска и ниска вегетација);
- Општина Чашка: с. Оморани (грмушки и ниска вегетација);
- Општина Росоман: с. Трстеник (напуштени лозови и овошни насади);
- Општина Штип: с. Чардаклија – с. Караорман (ниска вегетација);
- Општина Делчево: с. Звегор (ниска вегетација);
- Општина Куманово: с. Градиште (ниска шума и ниска вегетација);
- Општина Куманово: населба Баново Трло (ѓубре);
- Општина Куманово: населба Баново Трло, кај Туш маркет (ѓубре);
- Општина Боговиње: кај Рио Компани (ниска вегетација).