Стармер вчера објави дека Велика Британија ќе признае палестинска држава во септември доколку Израел не се согласи на прекин на огнот во Газа, не дозволи ОН да достави помош и не преземе други чекори кон долгорочен мир
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер откако британската влада вети дека ќе ја признае Палестина во септември доколку Израел не ги исполни британските услови.

„Стармер го наградува монструозниот тероризам на Хамас и ги казнува неговите жртви. Џихадистичка држава на границата со Израел денес ќе биде закана за Британија утре. Смирувањето на џихадистичките терористи никогаш не функционира“,
напиша Нетанјаху на социјалната мрежа Икс.
Стармер вчера објави дека Велика Британија ќе признае палестинска држава во септември доколку Израел не се согласи на прекин на огнот во Газа, не дозволи ОН да достави помош и не преземе други чекори кон долгорочен мир.
Стармер повтори дека Хамас мора да ги ослободи заложниците земени во смртоносните напади врз Израел на 7 октомври 2023 година, да се разоружи и да прифати дека нема да има никаква улога во владата на Газа.
Овој потег означува значајна промена во британската политика кон Блискиот Исток и доаѓа по интензивното лобирање од страна на пратениците од владејачката Лабуристичка партија.
Нетанјаху претходно го критикуваше Стармер за санкциите насочени кон израелските министри и ја критикуваше, како што ја нарече, срамната одлука на Лондон да ја суспендира продажбата на некои компоненти на оружје што ги користат израелските сили во Газа.