Во руски воздушен напад врз украински центар за обука во регионот Днепропетровск во Украина на почетокот на јуни се убиени 12 војници, а десетици се повредени. Потоа, тогашниот командант на Копнените сили на Украина, Михајло Драпати, си поднесе оставка од функцијата
Најмалку тројца војници беа убиени, а 18 лица се повредени во руски ракетен напад врз единица за обука на украинската армија, соопштија копнените сили на Украина.

„И покрај безбедносните мерки, не беше можно да се избегнат загуби меѓу персоналот“,
соопштија украинските вооружени сили во објава на социјалните мрежи.
Од соопштението не е наведено каде се случил нападот, но воените блогери посочија дека нападите се случија во северната украинска погранична Черниговска Област.
Ова не е првпат украински воен центар за обука да биде погоден од руски ракети.
Во руски воздушен напад врз украински центар за обука во регионот Днепропетровск во Украина на почетокот на јуни се убиени 12 војници, а десетици се повредени. Потоа, тогашниот командант на Копнените сили на Украина Михајло Драпати си поднесе оставка од функцијата.
За Украина, која зависи од обуката на нови регрути за стабилизирање на фронтот, ваквите напади се особено штетни.
