И во четврток времето ќе биде врнежливо. Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, со можност за краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе бид во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени“,
прогнозираат синоптичарите.
И во Скопје ќе биде облачно со сончеви периоди, а во текот на ноќта ќе има услови за пороен дожд.
„Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната до 32 степени“,
велат оттаму.
И во четврток времето ќе биде врнежливо. Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.
Ново деестабилизирање на времето со дожд и грмежи се очекува во недела и во првитее денови од следната седмица.