Конзулатот ќе биде со јурисдикција во Корча, Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора
На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата на денешната седница донесе одлука за отворање Гелерален конзулат во Корча, Албанија.

Конзулатот ќе биде со јурисдикција во Корча, Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора.
„Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски“,
се наведува во владиното соопштение.
За одлуката на Владата попладнево на својот фејсбук-профил инофмира и министерот Тимчо Муцунски.
Шефот на македонската дипломатија посочи дека со отворањето на Генералниот конзулат, македонските граѓани кои живеат во Корча, Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора ќе добијат побрз и полесен пристап до конзуларните услуги, како и поддршка за културни, образовни и економски врски.
„Грижата за Македонците во Албанија не ја покажуваме со зборови, туку со конкретни дела. Целиме кон посилна грижа за интересите на нашите граѓани. Брз, достапен и квалитетен сервис“,
вели Муцунски.