Четири пожари се под контрола, а 11 се изгаснати
До 21 часот вечерва на територија на државата се евидентирани 26 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив 11 се активни, четири под контрола, а 11 пожари се изгаснати.

Активни се 11 пожари и тоа:
- Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино – планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
- Општина Прилеп: с. Бешиште, Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (Опш. Новаци) и крак кон граница со Р. Грција – не се интервенира поради детонации (мешана шума)
- Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп), и Галиште и Трстеник (Кавадарци) (мешана шума и ниска вегетација)
- Општина Македонски Брод: с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
- Општина Желино: с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
- Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума)
- Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума)
- Општина Илинден: помеѓу Мршевци и Бучинци (стрниште)
- Општина Чашка: с. Ореше (ниска вегетација и букова шума)
- Општина Ресен: с. Долно Перово (евлови дрва, врби, трска и сува трева)
- Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума)
Четири пожари се под контрола – кај селото Грешница во Македонски Брод, помеѓу штипските села Драгоево и Селце, кај селото Јунузлија во Општина Карбинци и кај селото Чифлик во Катланово, Општина Петровец.
Изгаснати се 11 пожари на отворен простор:
- Општина Битола: ул. Игњат Атанасовски (ниска вегетација)
- Општина Василево: с. Босилово (депонија)
- Општина Куманово: с. Умин Дол (ниска вегетација)
- Општина Охрид: с. Горно Лакочереј (стрниште)
- Општина Куманово: н. Бедиње (ниска вегетација)
- Општина Тетово: покрај автопат Тетово – Скопје (ниска вегетација)
- Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација)
- Општина Кривогаштани: с. Годивје (ниска вегетација и плевна)
- Општина Ресен: с. Долна Бела Црква (ѓубриште)
- Општина Босилово: с. Моносипитово и с. Банско (депонија)
- Општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Руѓинце – пожарот се шири кон с. Димонце и Коњух (Опш. Кратово), загрозува куќи и помошни објекти (ниска вегетација)