Според него, Кина игра клучна улога во одржувањето на конфликтот преку поддршка за Русија, особено со купување руска нафта.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека претседателот Доналд Трамп сè повеќе губи трпение поради одолговлекувањето на Русија во однос на завршувањето на војната во Украина.
„Иако има добри телефонски контакти со рускиот претседател Владимир Путин, од тие разговори нема вистински резултати. Доаѓа време за конкретна акција и претседателот тоа јасно го стави до знаење“,
изјави Рубио за Фокс Њуз.
Тој додаде дека ова не е војна која Трамп ја започнал, но дека прави сè што може за да ја заврши.

Рубио изјави и дека над 100 000 руски војници загинале од почетокот на годината и го обвини Кремљ дека користи тактика на одолговлекување. Според него, Кина игра клучна улога во одржувањето на конфликтот преку поддршка за Русија, особено со купување руска нафта.
Тој нагласи и дека некои земји како Кина, Русија и Северна Кореја станале повнимателни во поддршката на Иран, откако САД демонстрирале моќ преку прецизни воени операции.
„Претседателот Трамп ги потсети светските сили на воената супериорност на Америка“,
изјави Рубио.