Од најголемата опозициска партија потсетуваат дека премиерот Христијан Мицкоски лани ветувал ревизија и модернизација на системот за заштита од пожари
Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, во пожари изгоре 20 отсто од вкупната површина на шуми и пасишта. Тоа не е патриотизам, тоа е предавство на сопствената држава, обвинија денеска од СДСМ.
Оттаму посочија дека на територија на цела држава, во последната недела, активни се биле над 100.
„Гори во Берово, Радовиш, Василево. Веќе втора недела гори и Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка, Зелениково, Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Желино, Старо Нагоричане…Наместо координирана интервенција и силно делување за гасење на огнената стихија гледаме тотална незаинтересираност и неорганизираност од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат во огнот. Секој ден се најавува помош, но помош досега никако да пристигне“,
велат од СДСМ.
Од најголемата опозициска партија потсетуваат дека премиерот Христијан Мицкоски лани ветувал ревизија и модернизација на системот за заштита од пожари.
„Денес гледаме целосна деградација на тој систем. Наместо нови противпожарни возила, се купуваат службени мобилни телефони за 7 милиони евра. Наместо авиони за гасење пожар и пилоти, Владата расфрла пари на приватни летови, луксузни хотели, скапа морска храна, папаја и манго. Наместо вработување пожарникари, се составуваат партиски списоци за вработувања во институциите. Не е патриотизам да оставиш имоти, шуми, пасишта да изгорат. Тоа е предавство“,
децидни се од СДСМ.