Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Претежно сончево и многу топло време со максимална температура наместа до 43 степени, најавува УХМР за денеска. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

До сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C.
„Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервал:
велат од УХМР.
– Југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38°C
– Полошкиот регион од 32 до 38°C
– Пелагонија 38 до 40°C
– Скопски, Вардарски и југоисточен регион од 38 до 43°C“,
Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.