МВР потсетува што предвидуваат протоколите за влез на наши државјани и странци со регулиран престој во земјава во услови на вонредна состојба
Откако повеќе соседни држави или ги отворија или најавија скорешно отворање на своите граници кон нашата држава, а во очекување на одлуката за отворање на нашата граница, МВР потсетува на протоколите за влез на наши и странски државјани со регулиран престој во земјава во вонредна состојба.
„Задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR-тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуваат изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, а припадници на МВР ќе вршат контрола за нејзиното спроведување“,
се вели во соопштението.
Оние коишто при влез на територија на РСМ нема да приложат валиден PCR-тест или ќе приложат невалиден PCR-тест, од граничниот премин ќе бидат спроведени во државен карантин 14 дена или имаат опција да им се направи PCR-тест во најкраток рок. Доколку тестот е негативен, тие со изјава го напуштаат државниот карантин и заминуваат во 14 дневна самоизолација.
