Две женски лица на возраст од 16 и 26 години, потонале во реката Вардар во близина на селото Уланци, Општина Градско. Жената е пронајдена жива

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици на Центарот за управување со кризи (ЦУК) пристигнала пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.
Жената била пронајдена жива, а по девојчето се уште се трага.
Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, односно сестра на 16-годишното девојче, која побарала итна помош.
Набргу потоа, се јавил и велешки доктор кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
ЦУК веднаш ги известил надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
На локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива. Потрагата по 16-годишното девојче продолжува.