Во сообраќајката учествувал приведениот со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски таблички и патничко возило „пежо“, исто така со кавадаречки таблички, управувано од Б.К. (31)
Приведен е кавадарчанец што вчеравечер управувал возило со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

На улицата „7 Септември“ во Кавадарци вчеравечер во 21:15 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци го лишиле од слобода Р.С. (29) од Кавадарци.
На приведениот му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта откако полицијата интервенирала по случена сообраќајна незгода во која учествувал тој со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски таблички и патничко возило „пежо“, исто така со кавадаречки таблички, управувано од Б.К. (31).
Р.С. е задржан во полициска станица.
За случајот е известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.