Поради eнормната потрошувачка на водата за пиење, како што посочуваат од „Водовод и канализација“, доаѓа до нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, намален притисок и повремени прекини на вода во делови од градот
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелира скопјани рационално да ја користат водата за пиење и да избегнуваат нејзино непотребно трошење поради енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка регистрирана на дневно ниво.

Поради eнормната потрошувачка на пивка вода, како што посочуваат од „Водовод“, доаѓа до нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, намален притисок и повремени прекини на вода во делови од градот.
„Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува од природен извор со ограничени количини вода за пиење од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени“,
велат од „Водовод и канализација“.
Претпријатието упати апел и до органите на локалната самоуправа да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.
„Апелираме до граѓаните на Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Скопје“,
додаваат од скопското јавно претпријатие.