На вчерашното отворање на ЕМОФ се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакнувајќи го значењето на спортот како симбол на единство, култура и надеж
Церемонијата го означи стартот на седумдневниот спортски настан кој ќе вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини и тоа – атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо
Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ вчеравечер започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.

Церемонијата го означи стартот на седумдневниот спортски настан кој ќе вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини и тоа – атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо.
Натпреварите ќе се одржуваат во спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово, додека натпреварите во спортска гимнастика ќе се одржат во Осиек, Хрватска, во соработка со Европскиот и Хрватскиот олимписки комитет. Се очекува учество на над 4 000 млади спортисти, тренери, спортски официјални лица и тимски претставници, како и стотици новинари, волонтери и гости.
Македонија годинава ќе биде претставена со рекорден број на спортисти кои ќе учествуваат во сите спортови.
На вчерашното отворање на ЕМОФ се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакнувајќи го значењето на спортот како симбол на единство, култура и надеж.

„Спортот ја манифестира убавата страна на сегашноста и ја гарантира светлата иднина на европскиот спорт. Продолжете да го развивате олимпискиот дух, да ширите добра волја и пријателство, да праќате пораки за мир“,
порача претседателката.
Сиљановска-Давкова нагласи дека фестивалот е ретка можност за младите спортисти и гостите да се запознаат со македонската култура и изрази уверување дека државата ќе се покаже како хуман и достоен домаќин, со страсна спортска публика. Им посака успех на сите учесници на олимпискиот фестивал.