Педесет и осумгодишниот Б.К. загина во бизарна несреќа откако бил прегазен од сопственото возило. Несреќата била пријавена ноќеска околу 1:30 часот по полноќ на автопатот Свети Николе – Скопје, пред наплатна станица Миладиновци.
Според полицискиот извештај, Б.К. управувал со сопственото патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки. Возилото застанало, а Б.К. отишол од задната страна на автомобилот и во тој момент тоа се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
