Во непосредна близина на железничка станица Криволак, вчера околу 16:38 часот се случила сообраќајна несреќа во која воз удрил во пешакот Е.О. од Авганистан.
„При разминување на два товарни воза помеѓу два колосека, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во Е.О. од Авганистан“,
се вели во полицискиот билтен.
Притоа, Е.О. се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од полициската станица Неготино.
