Филипче истакна дека за Општина Карпош кандидатка за градоначалник ќе биде д-р Маја Мојсова Миовска, поранешна директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), додека кандидат за Општина Кисела Вода е Горан Трајковски, поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат
Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, објави попладнево на прес-конференција лидерот на партијата, Венко Филипче, по состанокот на Извршниот одбор.

Тој објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори.
„Кандидат за градоначалник на Општина Битола е претседателот на Општинската организација Методија Куновски, за Валандово – актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница – претседателот на Општинската организација Гоце Милевски, во Зрновци – претседателот на ОО Ванчо Митев, во Кавадарци – регионалниот партиски координатор Виктор Велевски“,
рече Филипче на прес-конференцијата.
Тој истакна дека за Општина Карпош кандидатка за градоначалник ќе биде д-р Маја Мојсова Миовска, поранешна директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), додека кандидат за Општина Кисела Вода е Горан Трајковски, поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат.
„Во Општина Маврово–Ростуше кандидат ќе биде Анес Ахмети, во Општина Ново Село – Петар Спасов, во Петровец – Елизабета Зелениковска, во Прилеп – претседателката на ОО Петра Лукаровска, во Радовиш – партискиот претседател Ристо Спасов, во Свети Николе – Дејан Гичев, во Општина Чашка – актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во Општина Брвеница – Светлана Митревска Анџелковска“,
рече Филипче.