Поради тоа, сообраќајот се пренасочува зад бензинската пумпа што наоѓа на тој потег
Сообраќајна несреќа се случи утрово околу 10:35 часот кај хотелот „Белви“, на влезот во главниот град од автопатот Куманово – Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во сообраќајката, според полицијата, се судрија еден камион и два автомобила.

Поради тоа, сообраќајот се пренасочува зад бензинската пумпа што наоѓа на тој потег.
„Во сообраќајната несреќа учествувале товарно возило ‘ивеко‘ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило ‘ауди‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31) и патничко моторно возило ‘голф‘ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А.“,
се вели во полицискиот извештај.
Возачот на ‘голфот“ е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје за укажување на помош.
Полицијата сè уште врши увид на местото на несреќата.