Педесетгодишниот припадник на Армијата, А. М., кој минатиот петок беше смртно застрелан на влезот на селото Батинци, бил убиен бидејќи ќерка му одбила да се омажи за осомничениот напаѓач Џ.М., информираа претходно од полицијата
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го расчисти кривичното дело убиство од 11 јули годинава, кога во село Батинци, скопско, со пиштол беше убиен А.М. од село Батинци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (17.07.2025) до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Џ.М.(25) за сторено кривично дело убиство по член 123 од КЗ и Б.П.(35) за сторено кривично дело убиство по член 123 во врска со член 22 од КЗ. Б.П. е лишен од слобода и од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена, додека Џ.М. се уште е недостапен за органите на прогон“,
соопшти МВР.
Педесетгодишниот припадник на Армијата, А. М., кој минатиот петок беше смртно застрелан на влезот на селото Батинци, бил убиен бидејќи ќерка му одбила да се омажи за осомничениот напаѓач Џ.М., информираа претходно од полицијата. Случајот го пријавила ќерката на починатиот – Е. М. (20).
Починатиот припадник на АРМ за време на инцидентот не бил на должност. Тој им подлегнал на повредите кратко откако со прострелни рани во градниот кош бил пренесен во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Јавното обвинителство во петокот информираше дека напаѓачот е идентификуван и дека по него се трага.