Да се пополни најмногу до 50% од капацитетот и патниците да носат маски и ракавици
На денешната седница Владата ја дополни Уредбата со законска сила примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз на патници бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50% од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат носат маски и ракавици, а возилата да се дезинфицираат.
Со оваа измена задолжителните мерки ќе се однесуваат и на правните субјекти кои вршат превоз на патници за сопствени потреби.
