Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (10 јули 2025 г.) од 22:45 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– Тестиравме како функционираат центрите за услуги и националниот портал за е-услуги – искуството е мешано;
– Владата зборува за 325 милиони евра за проекти за општините, но реализираната сума е драстично помала – колку изнесува и зошто; ги прашавме сите 80 општини на колкава сума склучиле договори, а колку потрошиле;
– Европски извештај за антиродовите трендови: „Македонската православна црква ги предводеше протестите во јуни 2023 година против законите за родова еднаквост и матична евиденција, при што многу од демонстрантите се документирани како луѓе со врски со руски мрежи“; од МПЦ одговараат – предводевме мирен протест, ниту сме биле вклучени ниту има потреба да создаваме паралелни граѓански структури;
– Малата „Топлина“ од охридско Подмоље, која доби голем тендер во РЕК „Битола“, купила атрактивна парцела во Охрид од еден од подизведувачите во договорот за копање јаглен и јаловина; градоначалникот вели дека за локацијата има иницијатива за промена на ГУП;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:45 часот на МРТ 1.