Тој додаде дека сега Министерството за финанисии треба да ги обработи понудите, да достави информација до Влада, Владата да ја одбере најдобрата понуда и да го информира Собранието, да се потпише договор со таа финансиска институција и Собрание тој договор да го усвои

Имаме кредибилен проект за брза пруга и тоа го покажува интересот од 16 врвни финансиски институции и банки кои доставија понуди за финансирање на проектот, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според вицепремиерот, следна фаза е да се направи анализа на понудите, Владата да ја избере најдобрата понуда и да се потпише договор, а Собранието да го усвои таквиот договор.
„Се работи за врвни меѓународни финансиски и банкарски институции, најреспектабилните во светот. Секако, тој процес треба да се обработи во рамки на Министерството за финаниси и да биде информирана Владата, Собранието и секако јавноста. Она што за мене е вонредно значајно е тоа што 16 меѓународни врвни финанисиски институции да се пријават на финансирање за овој проект многу кажува за кредибилитетот на проектот, кажува дека проектот е исклучително исплатлив добар и добро осмислен и според мене го потврдува она што ние цело време го зборуваме дека се работи за најзначајниот и најважен инфраструктурен проект во поновата историја на Македонија, проект кој целосно треба да ја трансформира Македонија“,
рече Николоски.
Тој додаде дека дека сега Министерството за финанисии треба да ги обработи понудите, да достави информација до Влада, Владата да ја одбере најдобрата понуда и да го информира Собранието, да се потпише договор со таа финансиска институција и Собрание тој договор да го усвои.
„Паралелно со тоа ќе оди процес со избор на изведувач каде ќе одиме со исто така транспарентен процес на конкуретнен дијалог, каде ќе направиме дијалог со конкурентски градежни компании кои што ги постигнуваат највисоките страндарди. Не забораваме дека имаме можност до 70 отсто да има македонска компонента што ќе е најголема од сите инфраструктурни проекти. Охрид-Кичево е 49 отсто, коридорите 8 и 10-д речиси и да нема македонска компонента за жал, така што ова ќе е највисока македонска компонента било кога видена во државата“,
посочи министерот.
Во зависност од временските услови, Николоски рече дека очекува доцна есен, рана пролет да ги види машините на терен.