Министерството за внатрешни работи информира дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат во последните неколку дена извршило контрола на 2 184 угостителски објекти, при што било констатирано дека 24 од нив не ги спроведувале владините мерки за заштита од ковид-19.
„Од вкупниот број контроли, 1 573 се направени за време на викендот и 483 во текот на вчерашниот ден. Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат“,
се вели во соопштението на МВР.
Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.
