Автобусот на популарниот превозник „Фликсбус“ (Flixbus) сообраќал на релација Копенхаген – Виена и рано утрово излетал од автопатот во близина на градот Рубел, околу 140 километри северно од Берлин

Повеќе од 20 луѓе се повредени откако патнички автобус излета од пат и се преврте во Северна Германија, соопшти денеска локалната полиција.
Автобусот на популарниот превозник „Фликсбус“ (Flixbus) сообраќал на релација Копенхаген – Виена и рано утрово излетал од автопатот во близина на градот Рубел, околу 140 километри северно од Берлин.
Полицијата во моментов ја истражува причината за несреќата, а спасувачите извлекле едно потешко повредено лице од автобусот.
Локалните власти го затворија за сообраќај делот од автопатот каде што се случи несреќата, а „Фликсбус“ соопшти дека соработува со сите потребни служби за да ја утврди причината за инцидентот.