Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 3 јули 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Наместо по правило, Судскиот совет избра в.д. шеф на Кривичниот суд по исклучок – реакции од фелата и од граѓанскиот сектор; најгласен беше судијата Ненад Савески со порака до членката на Советот, Антоанета Димовска – брука сте, одете си; за 360° зборува претседателот на Судски, Александар Камбовски;
– За центарот за возачки испити во Пелагонија да му биде доделен на функционер на ВМРО-ДПМНЕ пресудил полигон во Ресен во сопственост на сопруга на функционер на СДСМ; постапува и Комисијата за заштита на конкуренцијата;
– Наводите на министерот Владо Мисајловски со кои изрази сомнежи за договорот за набавка на хеликоптери од италијански „Леонардо“ ги проверуваат Финансиската полиција, МВР и ДКСК; за ексминистерката Петровска сè е чисто и законито;
– Петте базени што се градат со државни пари не се готови – зошто е пробиен уште еден рок (30 јуни) и зошто се гради ако Министерство за спорт договорите ги смета за незаконски;
– „Саботажа“.