Од ДУИ бараат објаснување, кој е одговорен за загубата и што ќе преземе Владата „за да спречи нова катастрофа“

Државата изгуби речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европска Унија што беа наменети за поддршка на реформите што директно влијаат врз економијата, енергетиката, образованието и стандардот на граѓаните, соопштија денеска од ДУИ.
„Неспособноста, некоординираноста и институционалниот хаос станаа пречка дури и за повлекување на веќе одобрени фондови. Министерството за енергетика доби негативна оценка од Брисел за реформите што требаше да ги спроведе до декември 2024 година, со што државата остана без 2,1 милион евра. Истото министерство не ги исполни ниту обврските за јуни 2025 година, со што се изгубија уште најмалку 10 милиони. Министерството за финансии, пак, со ист таков неуспех, го загуби најголемиот дел од очекуваните 4,2 милиони евра.
посочуваат од ДУИ.
Три министерства, три сериозни институции, и ниту едно чувство на итност, одговорност“,
Оттаму нагласуваат дека државата требаше да добие 17 милиони евра за реформите до декември и уште 70 милиони за обврските до јуни.
„Наместо тоа, добивме празна реформска каса, изгубен кредибилитет и понижување пред европските партнери. Во време кога регионот напредува, нашата држава сама си поставува сопки, блокирајќи го патот не само кон ЕУ, туку и кон нормалноста. Ова е дебакл на портфолиото на Министерството за европски прашања, во чија надлежност е следење, координација, контрола, подготвеност и одржување на капацитетите за апсорпцијата на странската помош, особено таа од ЕУ“,
посочуваат интегративците.
Од ДУИ бараат објаснување, кој е одговорен за загубата и што ќе преземе Владата „за да спречи нова катастрофа“.