Од МВР додаваат дека по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против 25-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка
Скопската полиција денеска го приведе моторциклистот кој пред два дена со мотор удри во 68-годишниот Ј.Н. на пешачка патека во близина на улица „Ленинова“ во Скопје, по што го напушти местото.

„Во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ. (25) од Скопје, кој на 1.7.2025 околу 19:30 часот на пешачка патека во близина на улица ‘Ленинова’ во Скопје, со мотоцикл ‘кавасаки’ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ј.Н. (68) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот, а од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“,
се наведува во соопштението на МВР.
Се додава дека 25-годишникот е приведен, а по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.