Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, соопшти дека се тестирал на коронавирусот ковид-19 и неговиот тест е негативен. Тој вели дека согласно тој резултат нема да биде во самоизолација.
„Со оглед на фактот дека имав контакт од дистанца со Мухамед Зекири, би сакал да ве известам дека денес се тестирав и јас, и тестот е негативен. Препораките на епидемилозите кои се наделжни и чии препораки треба сите да ги почитуваме се дека не треба да сум во самоизолација“,
напиша Петров на својот фејсбук-профил.
Тој вели дека своите обврски ќе продолжи да ги врши со вообичаеното темпо.
„На Мухамед и на Сања им посакувам брзо закрепнување, како и на сите оние кои се во моментов заразени или се во карантин во очекување на своите резултати. Вирусот е тука, присутен и ќе биде присутен. Треба да се придржуваме до препораките на здравствените власти и истите безусловно да ги почитуваме! Новата реалност носи и нови предизвици. Сигурен сум дека како општество ќе најдеме начин да одговориме на истите! Бидете добри, бидете безбедни“,
вели Петров.
